Отворена Порта Logo

🆘 Итна поддршка - секоја секунда важи

Не сте сами. 24/7 безбедна линија за жртви на трговија и нивните близни

За нас

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта е организација со повеќе од 25 години искуство и посветена работа во областа на превенција, едукација, директна помош и поддршка, како и застапување на жртвите на трговија со луѓе и сексуално насилство.

1000+
Помогнати жртви
25
години искуство
50+
реализирани проекти
15
земји соработка
Наша мисија
Отворена Порта е здружение на граѓани кое повеќе од 25 години активно ги промовира и делува во интерес на човековите права, застапувајќи ги интересите и потребите на лицата изложени на ризик или жртви на насилство и трговија со луѓе. Делува преку превенција, обезбедување социјална заштита и застапување на национално и европско ниво, како членка на Ла Страда Интернационална. Преку својата работа, Отворена Порта обезбедува заштита, јакнење на капацитетите и одржлива реинтеграција на тргуваните лица и другите ранливи групи во општеството.
Наша визија
Отворена Порта е етаблирана и водечка организација во Северна Македонија, препознаена на национално и интернационално ниво по својата професионалност, истрајност и доследна посветеност. Во своето работење, организацијата е цврсто насочена кон заштита, поддршка и унапредување на правата и благосостојбата на жртвите на трговија со луѓе и другите ранливи групи, поставувајќи ги нивните потреби и интереси во центарот на своето делување. Отворена Порта се стреми кон креирање на општество ослободено од нееднаквост, дискриминација, насилство, трговија со луѓе и секаков вид на експлоатација, каде во целост се почитуваат човековите права и достоинство, и постојат еднакви можности за развој и благосостојба на сите граѓани.

Наша историја

1999

Основање на организацијата

Ла Страда Македонија е основана како прва организација во земјата посветена на борбата против трговијата со луѓе.

2005

Отворање на прифатилиште

Отворено е првото безбедно прифатилиште за жртви на трговија со луѓе во Република Македонија.

2010

Проширување на услугите

Проширени се услугите со психо-социјална поддршка, правна помош и реинтеграциски програми.

2024

25 години борба

Континуирана работа со значајни достигнувања во превенцијата и заштитата на жртвите.

Loading team members...